Хороскоп // Хороскоп
Кој е ранобуден, а кој ноќна птица? Вашиот хороскоп најдобро знае
Дали сте будни цела ноќ или со задоволство рано се будите наутро после добра преспиена ноќ? Да се биде рана птица или був не е само работа на спиење, туку и време во денот кога имате најмногу енергија…
Според астрологијата некои хороскопски знаци повеќе ја сакаат ноќта бидејќи мирот и тишината им помагаат во концентрирана работа, а некои знаци порано се будат пред излегувањето на сонцето за да се погрижат рано да започнат со сите дневни обврски.
Дали вие се ранобудник или повеќе живеете ноќта?
Овен
Ако би морале да бираат, Овните секогаш со задоволство би се буделе рано наутро, отколку да безделничат цела ноќ. Тие имаат полн распоред, места на кои мора да бидат, луѓе кои мора да ги видат и секакви обврски кои мора да ги извршат, па секогаш денот го почнуваат порано за да стигнат се да завршат. Ним им е многу важно да се одморени и полни со енергија на работата како со леснотија би ја следеле својата однапред распоредена агенда, затоа непроспиена ноќ не доаѓа предвид.
Бик
Бикот е олицетворение на фразата „само полека“. И тоа се однесува на целокупниот животен став. Без разлика дали се работи за бизнис задачи или домашни обврски, Бикот прво ментално ќе се посвети и ќе го пушти мозокот да му работи колку треба, па макар и цел ден.
Но, тогаш дошол до заклучок дека со леснотија се фрла на работа. Често испаѓа дека Бикот се одлучи нешто да работи во вечерните часови, што го прави мал був. Во мирна и тивка ноќ, обиколен со звуци, Бикот ќе ја изработи секоја задача на најдобар можен начин, бидејќи сепак имал цел ден да смисли стратегија.
И да, Бикот сака да се излежува, но тоа не значи дека никогаш ништо не извршува–тоа само значи дека попрво би останал буден долго во ноќта, отколку да станува во утринските часови.
Близнаци
Од моментот кога станат од кревет, Близнаците се полни со енергија и подготвени на дневни обврски. Низ денот ги води ентузијазам и се веселат на секоја договорена кафе средба, излегување или одење во теретана пред вечерниот одмор.
Единствена работа која на Близнаците може да им го расипе расположението е будење на пладне. Веќе изгубиле половина ден и целиот свој распоред мора да го поместуваат, што им е изразено мрзлива активност. Како вистинска утринска птица, ја обожаваат таа позитивна вибрација, така да веќе од 7 утрото си пеат и се веселат на новиот ден.
Секој ден се будат со насмевка на лице, и голема шолја кафе, дури и тогаш кога немаат големи планови. Близнаците го сакаат чувството на крајот на денот кога максимално искористиле се што им се нуди и тој ден да имал свои возбудувања.
Рак
На раковите им се менува расположението како што поминува денот. Утрата се преполни со енергија и веселба, а со тек на времето таа енергија паѓа и со неа и желбата за работа и дружење. Нивното расположение е доста зависно од времето, секако сонцето ги расположува, додека дождот на нив има депресивно влијание.
Раноутринското будење е најдобра работа за вас бидејќи тогаш цел ден се чувствувате задоволно и полетно. Ништо не е претешко. Штом падне ноќта-подготвени сте за кревет и да изгледате добар филм или да читате книга.
Лав
Лавиците се работни жени кои после долг ден на работа со задоволство ќе се израдуваат на излегување во бар или ноќен клуб. Тоа значи дека рано будење за нив не доаѓа предвид.
Во текот на денот Лавиците се угледни членови на општеството кои не може за ручек да се опуштат и да испијат по некој пијалок, но после вечерно излегување, нема ништо поубаво од спиење до пладне.
Девица
Девиците имаат цел дневен распоред, кој почнува рано наутро со десетина аларми кои ќе го осигурат раното будење и енергичниот почеток на денот. Тие сакаат максимално да го искористат секој ден па си прават распореди. Нема нешто што не може Девицата да го изврши денес – а да го остави за утре.
Вага
Вагите се ранобудни птици, најдраго им е наутро да скокнат од кревет и да го уловат новиот ден за опашка. Сакаат да го почнат денот што порано, но исто така им се допаѓа секој нов ден да е полн со нови прилики и предизвици кои подготвени ги дочекуваат.
Верувате дека иднината е иднина–така да секое утро кога се разбудите, тоа е ваш начин да ги опуштите сите негативности од вчерашниот ден и со позитивен дух да тргнете во нов ден. Прилично длабоко, а?
Секако дека секој ден нема да биде фантастичен но утринското будење за вас значи нов почеток, мистериозен и полн со нови можности.
Скорпија
Припадниците на овој силен знак сакаат нови искуства, и ноќта за нив е поинаков свет од оној дневниот. Целиот ваш работен ден би можел да биде досаден и предвидлив, но вие живеете за викенд кога можете да се опуштите и забавувате со пријателите.
Посебно сакаат слободното време да го поминуваат надвор со пријателите. Причината зошто Скорпионите ја сакаат ноќта е возбудување и идеја дека може да запознаете нови луѓе и да истражи нови места.
Стрелец
Исто така сакаат и заеднички подготовки за посебни излегувања, кои задолжително ќе ги поминат со чаша добро вино, и гласна музика.
За Стрелците може да се каже без тронка сомнение дека се вистинска ноќна птица. Кога би можеле да бираат цел ден би го преспале, а сите обврски би ги извршиле во доцното попладне и потоа би продолжиле со „забавниот“ дел од денот.
Јарец
Јарците се ранобудници – тие се одговорни, верни и систематизирани и затоа не може да си дозволат утрото да не го почнат со првите зраци на сонцето. Тие не гледаат ништо примамливо во целоноќно излегување кое за последица ќе има спиење цел следен ден – сепак тие се возрасни и треба да се однесуваат согласно годините.
Распоред, одговорност, и сериозноста на јарците се поврзуваат со растењето, а со тоа под рака оди и раното станување, бидејќи иако не е забавно ни лесно, тоа е дел од созревањето и тие мора да го поминат тоа и да го прифатат.
Водолија
Ноќта е време кога водолиите може да се опуштат и да го работат она што го сакаат а не она што го мораат. Обожаваат да живеат како був бидејќи тоа значи дека ќе имаат доволно време за себе.
Кога сакаат максимално да ја искористат ноќта, тогаш се занимаваат со сериозни работи. Тоа обично значи поминување време со блиските пријатели или браќа и сестри и разговарање за важни работи во животот. После такви ноќ се чувствуваат исполнето и задоволно и следниот ден, колку и да им биде „поспан и изморен“ сепак е весел бидејќи се чувствуваат исполнето.
Риби
Има нешто поради кое Рибите се мали бувови до крајот на животот. Тоа е време за нив кога може да се опуштат, да се посветат на себе и да се занимаваат со своите хоби часови. Ноќта претставува сериозно време за интроспекција и надоместување на се она што во последно време го пропуштиле – вести, омилени серии, социјални мрежи.
Најважната причина поради која Рибите ја сакаат ноќта е таа што никој не ги повикува, не им пишува пораки, не ги бара и не ги заморува. Тие обожаваат тивка ноќ бидејќи ги смирува и дозволува да се занимаваат со себе.