МАКЕДОНИЈА Е РАЈОТ: Нов музичко-сценски проект на Сузана Спасовска

Добивај вести на Viber

„Македонија Рајот“ (Македонска митологија) е новиот музичко-сценски проект на Сузана Спасовска. Популарната пејачка претстави десет нови видеозаписи реализирани од „ИН продукција“, а станува збор за автентични видеоприказни за теми со патриотска и љубовна тематика со кои се афирмира нашата историја. Како комплетни автори на рефрените се потпишани Сашо Ливрински (музика и аранжман) и Бранко Сотировски (текст). [caption id="attachment_7074" align="aligncenter" width="640"] Соодветна гардероба и автентичен сценски настап: Спасовска во еден од новите спотови[/caption] - Ниту еден Македонец нема да остане рамнодушен на слушнатото и виденото. Композициите нудат нешто далечно, но истовремено толку многу блиско, чувство на нешто ново, но веќе видено. Фактот што проектот е работен година и половина, укажува на сериозноста на пристапот, внимателно одбрани текстови и мелодии, внимателно одбрани музички инструменти и на крај врвна интерпретација на Спасовска – порачаа креаторите на проектот. Визуелизирани се нумерите „Жетварско оро“, „Илинден“, „Зете царе“, „Солзана“, „Елен врв“, „Самовила веста“, „Сардисале мома Цвета“, „Собрале се набрале“, „Марија Мадона“ и насловната „Македонија Рајот“. Дел од спотовите се снимени во археолошкиот локалитетот „Тумба“ во скопската населба Маџари, а на останатиот материјал доминира околината на селото Младо Нагоричане. https://www.youtube.com/watch?v=1nXOJdcI7uA&list=PLsCOSfJA3vG_IWNJsdRpNwiltg42h91Yu&index=10&t=60s - Една од целите беше и презентирање на убавината на македонскиот простор – нагласија од „ИН продукција“. Статисти во видеозаписите се Александра Крстевска (флејта), Баже Алачки (гитара) и Давид Божиновски (дајре). Спасовска во својата долгогодишна кариера отпеа многу песни за татковината, комплексни теми за нашиот народ, за печалбарските солзи на мајките кои ги чекаат своите чеда да се вратат од туѓина, за македонските јунаци. - Секое мое дело има конкретна и јасна порака. Треба да се знае дека вистинската песна треба да е напишана на македонски јазик, но и да звучи македонски со сета своја чистота, со македонски ритам и без туѓи примеси. Треба да се донесе достоинствено, со соодветна гардероба и автентичен сценски настап. Ја чувствувам љубовта на народот, тој знае дека јас сум искрена со него. Тоа што го пеам го чувствувам и го пренесувам на мојата публика. Не глумам никогаш. Пеам македонски секаде низ светот, ја афирмирам мојата земја и македонскиот јазик и се гордеам што сум Македонка – појасни пејачката во едно интервју. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов