Настани,
Настани
МАКЕДОНСКАТА КОМПАНИЈА ЕКОТИП СТАНА ОВЛАСТЕН ЗАСТАПНИК НА ПОЗНАТИОТ ШВЕДСКИОТ БРЕНД ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОДА BLUEWATER
Македонската компанија Екотип од Скопје официјално стана застапник за шведскиот премиум бренд Bluewater, производител на прочистувачи за вода. Покрај веќе успешната долгогодишна соработка со светскиот лидер за процесна филтрација во индустријата Pall Corporation, Екотип постигна уште еден успех постигнувајќи партнерство со шведскиот бренд со иновативни прочистувачи на вода Bluewater. Bluewater е премиум бренд за филтрација на вода за пиење и техничка употреба за домашна употреба, лабаратории, ординации, кафетерии, ресторани и хотели. Уредите се лесни за користење, низ пет фази на филтрација и реверсна осмоза со мониторинг на процесот и квалитет на водата, го подобрува вкусот со додавање на минерали. Уредите се многу компактни и можат лесно да се имплементираат во домаќинствата, оперативниот трошок е минимален, а дизајнот скандинавски и минималистички.
“Горди сме што започнавме соработка со Bluewater, компанијата е компатибилна со нашата развојна политика и филозофија, започнувајќи од основните човечки потреби и право за чист воздух и вода, овие премиум производи се ефикасни и иновативни во сферата на прочистувањето, лесни се за употреба во домаќинствата. Брендот нуди филтрација на вода и за канцеларии за поголеми компании. Моментално најбаран уред од брендот за домашна употреба е Bluewater Cleone Balance. Сите модели на Bluewater ќе бидат достапни на нашата нова интернет продавница filtracija.mk како и во нашата концепт продавница во Скопје Сити мол.
Екотип е компанија присутна повеќе од 20 години како лидер на пазарот во Македонија, која се занимава со филтрација на воздух и течности и има многу референци во различни производствени процеси во сите индустрии. Со оваа соработки во областа на прочистувањето за домашна употреба Екотип се проширува и го заокружува секој сегмент во филтрацијата, а соработката со Bluewater ќе биде и надвор од границите на Македонија.