Мајка со депресија: Носете го детето од мене, сакам да умрам!

Ви донесуваме приказна на мајката која била во длабока депресија , но успеала да оздрави и денес е добро. 

Ребека Крув , 36 години, од Брентвуд во Велика Британија, осум недели по породувањето завршила на психијатриско лекување бидејќи доживеала психички слом. Таа имала трауматичен период откако водењакот и пукнал три недели пред терминот. Цели два дена имала болки и се обидувала да роди. Бебето се обидувале да го породат бабиците на вакуум и други начини, но на крај и направиле епизиотомија и го извлекле бебето.  
 - По породувањето бев во шок и целосно исцрпена-ја почнува приказната за британски „Sun“.  Ми го ставија нашето мало бебе на гради и после неколку секунди ми го земаа, а мене ме однесоа на хирургија за да ми го зашијат резот од трет степен. По 48 часа болки бев очајна од замор-се сеќава. Партнерот на Ребека , Џејмс, и дошол со синот Захариј како би го видела и на мир би се поврзала со него.

  -Гледав во Захариј ,чекајќи да ме преплави чувство на љубов, но тоа чувство не дојде. По неколку минути повеќе не сакав да го држам и му го вратив на Џејмс. Се ме болеше, а сестрите прекорно ме гледаа бидејќи не го доев. Од шокот по се што се случи, моето тело едноставно не произведуваше млеко-се сеќава Ребека. По враќањето дома Ребека не се чувствувала ништо подобро, се потешко се носела со малото бебе и едвај чекала Џејмс да се врати од работа. 
 - Самоуверената и силна „јас“ исчезна. Станав неспособна да одлучувам и часовите ги поминував плачејќи. Кога Џејмс навечер ќе си дојдеше дома се чувствував малку подобро. Нему му изгледаше дека добро се носам со сѐ-изјавила таа. 

 -Ноќите беа еднакво грозни како и деновите. По цели ноќи не спиев. Тој спиеше во креветчето покрај нашиот кревет, а јас од грижа не спиев туку чекав да се разбуди гладен. Се прашував зошто не чувствувам ништо за него. И бев убедена дека тоа не е нормално. Станав сенка на себе, дури ни во огледало не можев да се препознаам. Пред бебето секогаш имав совршена фризура и шминка-се сеќава. Мајка и во разговор ја убедувала дека сето тоа е нормално, и дека низ тоа поминуваат сите жени, како и бабиците во боница. По недела дена се преселиле кај мајка и на Ребека како би и помогнала и како би успеала да се наспие бидејќи спиела најмногу два часа . Очајна, Ребека отишла назад во болница и го побарала на психијатрија дежурниот доктор како би поразговарала со некој за се што и се случува. 
 - Ми рече дека страдам од постпородилна депресија и дека не мене се гледа колку сум пресреќна што некој конечно ме слуша. Ми договори домашна посета на тимот за итни психолошки нтервенции кои потоа ми дадоа рецепт за антидепресиви и ми рекоа дека до шест  недели треба да почнат да делуваат. Не можев толку да чекам. Таа вечер лежев во кревет и ја слушнав мајка ми и Џејмс како зборуваат. Помислив како е лесно сега да се убијам. Одеднаш сфатив дека имам потреба од помош. Отидов во приземјето и им реков дека сакам да умрам и да ми го чуваат Захариј-ја прераскажува Ребека таа ноќ кога конечно ја добила помошта која и требала.
Нејзината мајка ја повикала болницата која веднаш ја примила на одделението за психички болести. Два дена подоцна, таа и Захариј се сместени на одделение, кај специјалистичка единица која требало да и ја пружи целата психичка помош која и требала. Била во соба со Захариј и ги надгледувале цел ден и ноќ. 
- Бев сигурна дека таму ќе останам засекогаш, дека не може да ме излекуваат. Ги поминував своите денови грижејќи се за својот син, и им се придружив на другите пациенти во активностите кои центарот ги спроведуваше како што се групна терапија, терапија со игра и терапија на свесност-се сеќава Ребека. 
- Недела дена подоцна, се сеќавам дека се разбудив а Захариј не беше во креветчето покрај мене. Како молња се кренав од кревет, со згрчен желудник почнав да го барам. Набрзо открив дека сестрата го земала за да му ја смени пелената. Одеднаш сфатив дека се смеам. Моето мало момче сепак многу ми значеше. Се грижев за него и го сакав-го објаснува Ребека моментот на сознание дека се ќе биде во ред. Од тогаш почнала да ужива во времето кое го поминувала со своето синче, а кога почнала редовно да пие лекови почнала да се чувстува како онаа Ребека, грижива и силна.
- Конечно се чувствував и изгледав добро. Не бев онаа старата јас, тоа беше целосно нова јас. Јас мама, која го сакаше своето дете. После осум недели сме пуштени од болница, се поздравив со својот привремен дом кој ми помогна да прифатам дека сум болна и дека ми треба помош и дека со времето ќе бидам подобро-вели Ребека. 
Денес е на лекови и работи полно работно време како виш извршен асистент во инвестициска банка-и пресреќна е што го има едногодишниот Захариј. 

- Благодарение на тоа што побарав и добив помош каква што ми требаше, денес можам да му ја дадам љубовта на моето дете која ја заслужува-заклучува Ребека.