,

Митев со песна ја честита 2018

Успешната 2017 година фолк пејачот Јордан Митев, а, се разбира, во пресрет на Новата 2018, реши да ја заокружи онака како и што доликува – со нова песна. Композицијата е насловена „За тебе“, а нејзин комплетен автор е токму Митев. Темата е снимена во студиото „Анастасија“, под продуцентската палка на Љупчо Павловски. Инаку, станува збор за песна со љубовна тематика и во весел, побрз ритам која, како што вели Митев, верува дека одлично ќе се вклопи во претстојните празнични денови. „Се надевам дека песната ќе и се допадне на мојата публика. Сакав годинава да ја завршам онака како што и ја почнав со нова песна, а веќе во следната со нови сили одиме кон нови победи и, секако, реализација на планираните проекти. Сакам во оваа прилика да им посакам на сите мои Македонци, каде и да се, убави празници и бериќетна година исполнета со добро здравје и, нормално, убава македонска музика“, вели Митев. https://www.youtube.com/watch?v=492UVWcndM8