Култура // Настани
МРТ ќе ги поништи одлуките за вториот и третиот квартал од Конкурсот за поддршка на домашната музичка продукција за 2017 година
Претставниците на министерството за култура и Македонската радио телевизија се состана вчера со цел да ги разгледаат опциите за разрешување на состојбата со примената на законот.
Актуелниот Закон за поддршка на домашната продукција е тешко применлив. Тој не ја ја исполнува функцијата за која е донесен. Ова се заклучоците од состанокот. Констатирано е дека Македонската радио телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на Вториот и Третиот квартал од 2017 година.
Преставниците на Министерството за култура и МРТ се договорија и во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција.
„Женски Магазин“ прв ги објави резултатите од последниот, трет квартален конкурс за 2017 година, а во меѓувреме го стартуваше серијалот „Досие субвенции“ во кој презентира интересни анализи и факти за композициите за кои низ годините биле одобрувани вртоглави суми народни пари.