Романот „Манастир Фуентерабија“ на Јагода Михајловска-Георгиева ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно дело во 2017 година.
На конкурсот на ДПМ пристигнале 76 книжевни дела објавени минатата година, а за петте годишни награди одлучија пет тричлени жири-комисии.
За романот на Јагода Михајловска-Георгиева жирито образложи дека раскажува уникатна и во исто време универзална приказна која според многу нешта е отпорна на временски и на просторни ограничувања. Во потесен избор за наградата „Стале Попов“ биле најновите романи на Оливера Николова, Луан Старова, Блаже Миневски и Оливера Ќорвезироска.
Женски магазин неодамна имаше интервју со Јагода Михајловска-Георгиева. Таа една од оние жени, кај кои убавината на душата се надзира од насмевката која широко го краси нејзиниот лик.Ведра и добронамерна, топла и отворена за секој, посебно за ближните. Храбра кон животните предизвици, но и кон пишаниот збор.
Прочитајте го интервјуто со дамата која е навистина инспиративна, тука.