Многу често како детаљ на фустаните и кошулите, користиме тенки ременчиња во најразлични стилови. За да направиме едно вакво ременче потребно е едно парче плишен материјал, 2 топчиња монистра, плишена врвка и конец.
Најпрвин протнете ги двете топчиња монистра на врвката.
Потоа земете го парчето плишен материјал, поделете го на два еднакви дела. Почнете да го засекувате, оставајќи еден прст растојание од крајот. Сечете на исто растојание, така што на крај, ќе добиете прекрасно парче со ресички.
Парчињата се замотуваат на краевите од врвката, а потоа со малку конец се зашива на истата. Се повлекуваат топчињата монистра на краевите од врвката, така што ќе има по едно од двете страни.
Ова ново ременче е спремно за носење со некој од омилените фустани.
За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер