Многу често на облеката која ја купуваме има некакви додатоци кои некогаш не ни се допаѓаат или пак не ги носиме. Од нив можеме многу лесно да се направи некаков накит. Во овој случај од овие додатоци ќе проследиме како се прави ланче. Потребно е перфоратор, ножички, врвка и закопчувачи.
Го земаме едниот додаток и со помош на перфораторот му правиме отвор, да можеме подоцна да ја протнеме врвката.
Потоа ја протнуваме врвката во закопчувачот од двете страни и ја врзуваме на едниот крај.
Вака направената врвка ја протнуваме низ отворот кој предтоа го направивме и правиме јазол. Со тоа, нашето ново ланче е спремно за носење.
На вториот додаток само ја протнуваме претходно спремената врвка бидејќи има отвор, и го правиме истиот јазол како на првиот додаток. Со само неколку кратки потези, спремни се двете ланчиња за носење.
За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер