,

НАУЧНИЦИ ОБЈАСНУВААТ: Црвеното вино не се пие на собна температура!

Добивај вести на Viber

Ако досега го пиевте црвеното вино на собна температура, знајте дека тоа не е добро. Научниците од Академијата за вино во Сиднеј објаснија дека ова е сосема погрешна пракса. Според експертите, црвениот еликсир е добор да се употребува на температура помеѓу 12 и 18 Целзиусови степени. Според Тејлор Венс, ако овој пијалок се служи топол (што е случај кога се чувал на собна температура), во него почнува да доминира алкохолот што ги „замаглува“ особеностите на нејзините состојки. Но, постои друга опасност - ако шишето црвено бино е премногу жешко, тогаш аромата е речиси целосно изгубена. Сепак, австралиските специјалисти истакнуваат дека различните сорти на вина треба да се подложат на поинакво ладење. За Каберне Совињон и Шираз препорачливо е да служат на температура од 16-18 степени. За полесните брендови како што е пино ноар, се препорачува ладење на 12-14 степени. И бели вина како Совињон бланк и пино гри, според експертите е најдобро да се консумираат на температура од 6-8 степени.