Светскиот ден за дијабет е најголемата светска кампања за подигнување на свесноста за дијабет. Годинешниот слоган е „Наше право на здрава иднина“, а темата е „Жените и дијабетот“, со цел да се зголеми свесноста за жените со ризикот од дијбет, како и нивното право на еднаква здравствена заштита.
Според податоците на ИДФ во светот моментално 415 милиони луѓе на возраст од 20 до 79 години имаат шеќер. Од оваа бројка 199 милиони се жени. Загрижувачки е податокот дека до 2040 се очекува вкупниот број на жени заболени од дијабет да се зголеми на 313 милиони.
Дијабетот е деветата водечка причина за смртност кај жените во светото. Во сиромашните земји, девојките и жените имаат намален пристап кон превенцијата на дијабетот, раното откривање и лекување. Важен податок е и фактот дека една од седум трудници во светот има гестациски дијабет.