За Жозефина во Милано,
Пратено од Верона, на 13ти ноември, 1796 година
Веќе не те сакам. Напротив, те мразам. Затоа што си ужасна, многу чудна, многу глупава, речиси сосем слична на Пепелашка. Воопшто не ми пишуваш, не си го сакаш мажот. Знаеш колкаво задоволство му претставуваат тие писма, а не му пишуваш ни шест реда, потамина начкртани. Што правите тогаш по цел ден, госпоѓо? Што е тоа толку важно што Ви го одзема времето што би можеле да го поминете пишувајќи му на својот блескав љубовник? Какви чувства ја задушуваат и ја потиснуваат љубовта, нежната и вечна љубов, таа што ми ја ветивте? Кој може да биде новиот величествен љубовник што ги впива сите Ваши моменти, што Ве мачи, секој ден и Ве спречува да бидете загрижена за својот маж? Жозефина, чувајте се, една убава ноќ ќе ја срушам вратата и ќе влезам во твојата соба. Вистина е дека сум вознемирен, моја добра душо, поради тоа што не добивам новости од вас. Напишете ми брзо четири страници и кажете ми ги оние мили работи што ми го разнежуваат срцето со чувства и со задоволство.
Се надевам дека набргу ќе Ве стегам во прегратка и дека ќе Ве опсипам со милиони жешки бакнежи како под Екваторот.
Бонапарта
Линијата помеѓу тагата, копнежот и љубовта најубаво е изразена во писмото на Наполеон Бонапарта, испратено во 1796 година. Разделеноста од саканите прави и најхрабрите да паднат на колена пред љубовта, да бараат внимание, да им пишуваат на своите сакани дури и од најдалечните земји. Жозефина де Боарне е првата жена на Наполеон, жената во која Наполеон бил вљубен и на која и ги пишувал најубавите љубовни писма.
Овој Св.Валентин имате можност да напишете неколку мили работи, да го разнежните срцето на вашите сакани, да ја искажете љубовта која ја чувствувате. Најубавите љубовни чувства биле искажани во писма, на лист хартија полн со љубов и копнеж. Затоа ослободете ги вашите зборови и нежни чувства, напишете го најубавото писмо и израдувајте ги вашите сакани со љубовно писмо испратено од Скопје сити мол.