,

На оваа жена нешто необично и помогнало во слабеењето

Добивај вести на Viber

Нешто што може да ви помогне и вам, но вие тоа постојано го потценувате. Без разлика дали им објавивте војна на насобраните килограми или допрва се подготвувате, оваа приказна би можела дополнително да ве мотивира. Таа стана вирална поради една дама која одлучила да се спаси од салото на стомакот кое се наталожило после две бремености, недостиг на движење и лоша исхрана преполна со шеќер и лоши јаглехидрати. Таа своето искуство го споделила на Фејсбук и опишала како првично трчала 5 дена во неделата за да ослабне, а потоа почнала исто толку пати неделно на CrossFit и се откажала од трчање. Иако телото и се трансформирало уште не била задоволна од изгледот. А потоа се послужила со трикот кој го препорачуваат сите фитнес експерти-сликање. Дотичната секој ден го фотографирала своето тело и така година дена, во исти хеланки и маичка, а токму тоа и помогнало конечно добро да ја види промената. -Кога ја погледнав првата и последна фотографија, останав во позитивен шок бидејќи конечно ја видов промената онака како што треба. Мојата трансформација беше бавна, но овој трик ми помогна да останам мотивирана и да не се откажувам. Да не го направев тоа, сигурно сум дека би се обесхрабрила-искрено признала. -Заборавете на вага. Она што го гледате во огледало е вистинска работа, без разлика на бројките кои таа ви ги покажува-бил нејзиниот заклучок. Најдобрата работа е што со овој трик може да почнете уште денес и никому не треба да ги покажувате тие фотографии. Тие се само ваш потсетник на напредокот кој ќе ве направи горди, среќни и мотивирани.