,

„На секое дете му треба семејство“

Добивај вести на Viber

Конференцијата „На секое дете му треба семејство“ која се одржува денес, ја организира Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ, и на неа учествуваат околу 300 учесници со цел да разговараат околу начините за забрзување на реформата со која треба да се стави крај на непотребното згрижување деца во големи институции. [caption id="attachment_5332" align="aligncenter" width="640"] Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската унија, и Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, го отворија настанот,[/caption] Под водство на Министерството за труд и социјална политика, Владата ќе даде заложба до 2020 година да се стави крај на сместувањето деца под 3-годишна возраст во големи институции. Водејќи се според принципот дека „Секое дете е важно“, заложбата на Владата значи обврска да се обезбедат услови за секое дете во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина преку инвестирање во превентивни активности и поддршка на биолошките семејства; развивање нови форми на згрижување и проширување на мрежата на згрижувачки семејства; инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа преку нивна стандардизација; вложување во рана детекција и рана интервенција, и вложување во самите деца преку зголемување на инвестициите во предучилишното образование и раниот детски развој. [caption id="attachment_5333" align="aligncenter" width="640"] "Многу е важно од тука сите идеи да излезат и да се пренесат во институциите што треба да ги воведат во пракса. Ако ние успеавме во тоа, верувам дека можете и вие", вели Бојана Милетиќ, Институт за социјална и детска заштита, Црна Гора[/caption] Во моментов, околу 250 деца во земјата, од кои 70 се на возраст под 3 години, го немаат правото да живеат во семејна средина. Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската унија, и Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, го отворија настанот, со осврт на реформата за деинституционализација чија цел е трансформација на институциите и на персоналот за да се обезбеди поддршка на семејни алтернативи на згрижување. [caption id="attachment_5334" align="aligncenter" width="640"] "Деинституционализацијата не е проект, туку добро координиран плански процес,“ рече Божидар Дакиќ, директор на Државниот институт за социјална заштита во Србија.[/caption] Меѓународниот експерт, проф. Кевин Браун од Универзитетот во Нотингем, Британија и претставникот на УНИЦЕФ г. Бенџамин Перкс ќе одржат презентации за ефектите од институционалното згрижување врз раниот детски развој, врз основа на најновите сознанија во неврологијата, психологијата и педијатријата во светот. [caption id="attachment_5335" align="aligncenter" width="640"] Многу деца се на работ на човековите права, дури и денеска... во 2017 година“ - Дел од отворањето на настанот, следете не до крај! - Мила Царовска[/caption] Панелисти од Словенија, Црна Гора, Србија и Грузија – земји кои успешно воспоставија одржливи алтернативи на институционалното згрижување во заедницата – ќе споделат практични поуки од регионот. Тие вклучуваат напори за спречување на напуштањето, воспоставување иновативни услуги во заедницата и алтернативни решенија за децата, со посебно внимание врз потребите на децата со попреченост, како и ресурсите за одржување на реформата. [caption id="attachment_5336" align="aligncenter" width="640"] “Секое дете има право на соодветен човечки развој и образование, ова е наша работа, ваша и моја, ајде да ја направиме промената заедно, за нас!“ Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската унија[/caption]