Култура // Филм
На Телевизија 24 во 19 часот гледајте ја Преспав
Македонскиот ситком Преспав од вечерва ќе се прикажува на телевизија 24. Гледачите ќе може да ги гледаат најновите епизоди од втората сезона секој вторник и среда од 19 часот на Телевизија 24 (репризите се истите денови од 22:30 часот).
„Преспав“ е првиот македонски сит-ком проект, целосно осмислен и одработен од македонски продуценти, сценаристи и актери, кои вложија сериозен труд и култивираа бесценето знаење и искуство за вакви слични понатамошни проекти. Секоја епизода е инспирирана од општествена тема, актуелен проблем или конфликт, и разрешница која предизвикува смеа, но воедно пружа и реален пристап. Сценаријата се на: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов.
Семејната приказна на тројцата браќа Бузалевски, кои иако дијаметрално карактерно различни, имаат една заедничка цел – да инвестираат во промени во својот роден крај, е во режија на Игор Иванов Изи.
Во „Преспав“ учествува актерската екипа во состав: Игор Џамазов, Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски и Адриан Азири.
Композитор музиката од најавната шпица која навестува 30-минутна релаксација пред малите екрани за целото семејство е на Мите Димовски од студиото Тралала.