Нетфликс ја прекинува Куќа од карти

Добивај вести на Viber

Шестата сезона од популарната серија Куќа од карти ќе биде последна, објавија од Нетфликс. Вчерашното соопштение следува откако Спејси се соочи со тврдењата дека сексуално вознемирувал тинејџер пред неколку децении и прв пат јавно призна дека е хомосексуалец. „’Нетфликс‘ е длабоко вознемирен од веста која се однесува на Кевин Спејси. Извршните директори на компанијата ја посетија екипата на снимањето, за да ја уверат дека ја имаат нивната поддршка. Кевин Спејси не беше на сетот во тој момент“, изјави портпаролот на „Нетфликс“.