Познатата модна двојка Dolce & Gabbana како да го забрзуваат факторот на гламур, преку проекцијата на нивната нова Ready to Wear колекција за пролет-лето 2018 година.
Прикажувајќи преку стотина аутфити, колекцијата е наречена „Кралица на срцето“, со карти кои како мотив ја прикриваат облеката, а беа и позадина на ревиската сцена. Ревијата беше отворена со безброј модели на облека во црна боја, а креаторите се фокусираа и на деталите инспирирани од долна облека, како што се корсети, чипка и цветен вез.
[gallery size="full" ids="935,936,937"]
На модната писта се појавија врвни модели како што се Елса Хоск, Хана Фергусон, Сара Сампајо и Хејли Болдвин. Потоа во препознатлив стил италијанските дизајнери ја презентираа останатата колекција во жар бои, со мотиви на овошје, зеленчук, риба, слатки и цвеќе. Секој стајлинг е надополнет со соодветен акцесоар, како шешир, тијара или цветна круна на коса.
[gallery size="full" ids="938,939,940,941,942,943"]
Според прес центарот на славната дизајнерска куќа, колекцијата е наменета за новите генерации, а главен извор на инспирација е љубовта која можете да ја пронајдете во се.