,

Нова студија открива дека ракот може да се уништи самиот себе си

Добивај вести на Viber

Новатата студија објавена во Зборникот на Националната академија на науки, дава малку надеж во борбата со смртоносната болест на 21 век. Група научници тврдат дека нашле начин како да ги предизвикаат канцерогените келии да се убиваат едни со други. Попрецизно, истражувачите од Институтот за истражување, нашла техника која ги убедува леукемичните клетки да се транферираат во одбрамбени клетки, кои после тоа ќе се борат против канцерогените келии. Леукемијата е вид на рак, каде карциномот ја напаѓа коскената срцевина и крвта. Оваа болест тешко се лечи, бидејќи повторно се развива, а и телото станува отпорно на лековите. Но, еве го планот на овие истражувачи Тие пронајдоа антитела кои ќе можат да ги вметнат во канцерогените келии, кои произведуваат многу бели крвни клетки. Научниците се надеваат дека тие антитела ќе ги активираат рецепторите на незрелите клетки на коскената срцевина, претворајќи ги во зрели клетки како оние што се наоѓаат во нервниот систем. Тие направиле експеримент на леукемија (АМЛ) што е особено агресивен тип на рак. Организмот болен од АМП произведува премногу бели крвни зрнца во коскената срцевина и ги убиваат антителата на организмот. Поради намалените антитела, организмот не може да се избори ниту со обичен грип. Истражувачите зеле крв од човек болен од АМЛ и врз неа ставиле активирачки антитела и резултатот бил извонреден: клетките од АМЛ се претворале во антитела кои го развиваат имунолошкиот систем и ги убиваат канцерогените клетки. Овие „природни убијци” покажаа дека можат да ги уништат канцерогените клетки и до 15 отсто во една келија за еден ден. Истражувачите веруваат дека со оваа техника на „братоубиство” на клетките, ќе може целосно да се излекува рак.