Моден фокус // Трендови
Нова форма на удобност од Women’Secret
НОВИ СУПЕР ЖЕНСТВЕНИ ПИЖАМИ ОД WOMEN'SECRET
Оваа есен, Women'secret ја дополнува колекцијата пижами за да ги задоволи потребите на жените кои сакаат да се чувствуваат удобно и женствено без да ја жртвуваат удобноста.
Порелаксирани бои, внимателно избрани дезени, нови текстури и материјали за парчиња кои изгледаат поженствено од кога и да е.
Памук, свилена вискоза и сатен со тантела за комплетен изглед на пижамите со машки крој и принтови инспирирани од азиската уметност.
Бескрајно многу опции за секоја жена – привлечна, удобна и деликатна колекција.
УЛТИМАТИВНА УДОБНОСТ ОД WOMEN'SECRET
Трендот да се носат модели кои личат на пижами е сè уште актуелен, но овојпат Women'secret нуди супер модерни парчиња за времето поминато дома. Овие удобни и безвременски парчиња се одличен избор и за оние кои работат од дома.
Овој дел од колекцијата на Women'secret za есен/зима 2017/18 вклучува "jogger" панталони, маички и дуксери – парчиња со двојна намена, кои се лесно прилагодливи и доаѓаат во неутрални бои и специјална ултра мека текстура.