Повисокиот износ за онлајн кредит веќе е факт. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, водечката компанија во онлајн кредитирањето Credissimo сега нуди можност за аплицирање на износ до 80 000 денари, наместо досегашните 40 000 денари.
Благодарение на новата понуда на компанијата, постоечките и идните клиенти ќе можат да аплицираат за кредит од 6.000 до 80.000 денари, во зависност од нивните потреби. Враќањето на кредитот ќе биде на месечни рати, според индивидуалните можности на секој клиент.
Освен повисоката сума која ФинТек компанијата сега ја нуди, нејзиниот сајт беше прогласен за "Сајт на Годината" во манифестацијата во која учествуваат и други реномирани финансискиинституции во Македонија. Доделувањето на наградата "Сајт на Годината"организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржа на 16.12.2017 година. Со оваа награда компанијата има уште еден доказ за континуитетот на високиот квалитет и напредок на услугите што водечката онлајн кредитна компанија ги одржува на сите пазари каде што е присутна.
"Задоволството на нашите клиенти е главен приоритет на Credissimo. Имено, за да одговориме на потребите на нашите клиенти, за повеќе финансиски средства,по најбрз начин ја зголемивме максималната сума за кредит Credissimo плус до 80.000 денари. Нашата компанија постојаносе труди да си го одржи имиџот на иноватори во онлајн кредитирањето. Наградата "Сајт на Годината" е потврдаза високото признание што го добивме, меѓу сите реномирани финансиски институции во Македонија кои учествуваа во овој проект. Уверени сме дека нашите клиенти ја чувствуваат нашата грижа за нивните потреби преку нашата основна алатка - сајтот, како и клиентскиот сервис што го нудиме, со тоа што Credissimo ги оправда очекувањата на клиентите, по што стана лидер, за само една година од влегувањето на македонскиот пазар ", коментира Горги Руков - директор за меѓународен развој во Credissimo.
Квалитетната услуга, комбинирана со најиновативните финансиско технолошки решенија се заштитен знак на Credissimo.mk, а повисокиот износ за брз кредит само ќе ги зголеми можностите на потрошувачите. Може да аплицирате за кредит со повисок износ и за подолг временски период, не само прекусајтот на годината credissimo.mk., но и преку првата мобилна апликација за аплицирање на кредит во Македонија, како и преку телефон.
Процесот на апликација за кредит не е променет.Можете да аплицирате преку веб страната и мобилната апликација на Credissimo и процесот e следниот:
1. Избирате кредитен производ Credissimo плус, потоа бараната сума и рок на враќање.
2. Ја пополнувате и праќате кратката онлајн форма и чекате одобрување за неколку минути.
3. Парите ги добивате на жиро сметка наведена во апликацијата, во банка во текот на денот.
Credissimo сака сѐ да биде јасно и достапно на своите клиенти, затоа нашите вработени се на располагање, во случај, ако имате прашања или потреба од дополнителна помош.