Ова е моја последна ревија: Модниот креатор на Луј Витон најави дека ја напушта компанијата

Добивај вести на Viber

Ким Џонс ја одржа својата последна ревија за познатиот бренд. Ова беше последна модна ревија која тој  ја одржа за брендот Луј Витон. Од 2011 година, Џонс беше одговорен за машката облека на комапнијата и за тоа време успеа да направи висока репутација меѓу клиентите. А доказ за тоа беше и последната ревија на која беше пречекан со силен аплауз додека пред присутните излезе во друштво на Наоми Кемпбел и Кејт Мос. Веднаш по завршувањето на ревијата, Џонс на Инстаграм објави дека заминува од комапнијата. За сега не е познато каде ќе ја продолжи својата кариера, иако како потенцијални дестинации се Версачи и Барбери. Една од најважните работи кои ги постигна е што успеа да го приближи овој бренд до обичните луѓе, а тоа придонесе да стане познат меѓу мажите. Најголемата промена што ја направи е прилагодувањето на патничкото наследство меѓу младите генерации кои повеќе ги ценат работите и вредностите. А за тоа доказ беше и последната ревија, каде што фокусот беше излегување во природа. Доминатни беа чевлите за планинарење, капути и живописни бои.