,

Овошјето и зеленчукот го обезбедуваат менталното здравје на малите деца

Добивај вести на Viber

Децата со правилен режим на исхрана се посреќни, можат подобро да се самооценуваат и имаат помалку емоционални проблеми, открија научниците од универзитетот Гетеборг, на кои се повикува The Daily Mail. Децата кои консумираат зеленчук се подобри пријатели со своите другари и ретко стануваат жртви на малтретирање. Шведските научници набљудувале 7600 деца на возраст од 2 до 9 години. Тие проучувале колку често децата конзумирале 43 видови на храна. Се покажало дека малите деца имаат силна врска помеѓу здравата исхрана и психолошката благосостојба. Тоа се поврзува со употребата на повеќе овошје и зеленчук при нивната исхрана, а нормалната самооценка се должи на ограничената потрошувачка на шеќер. Поради содржината на антиоксиданси, овошјето и зеленчукот имаат позитивен ефект. Потрошувачката 2-3 пати неделно на риби се одразило позитивно на самопроценката, водело и до недостаток на емоционални проблеми и проблеми со врсниците. Потрошувачката на зелен лиснат зеленчук исто така се поврзува со добри односи со пријателите и со низок ризик од вознемирување.