,

Околу 40% од ракот се развива поради ризик што може да се избегне

Добивај вести на Viber

40 посто од случаите на карционом и исто толку смртни случаи од последица на оваа болест би можеле да се избегнат или намалат кога би се применила соодветната превентивна стратегија, покажуваат резултати од истражувањето на американски научници објавено во медицинското списание „CA: A Cancer Journal for Clinicians“. Околу 42 посто од сите случаи на рак или 659,640 од 1,57 милиони дијагностицирани случаи и 45,1 посто смртни исходи на таа болест (265,150 од 587,521) би можеле да се спречат, тврдат авторите на студијата заснована на податоци од 2014 година која е направена во САД. Најмногу заболени, а последично и смртни случаи од карцином поврзани со уживање во тутун, односно со пушење: се работи за 19 посто или 298.970 случаи. Од последица на овој вид карцином умираат 28,8 посто или 169.180 заболени. Дебелината е на второ место, далеку зад пушењето, но во 7,8 проценти од случаите резултира со развој на рак, а стапката на смртност е 6,5.   Третото место му припаѓа на алкохолизамот кој што влијае на развојот на ракот кај 5,6% од случаите и како последица има смртен исход во четири проценти од случаите. На четвртото место, е прекумерната изложеност на ултравиолетови зраци - влијае на развојот на ракот кај 4,7% од случаите, а процентот на смртни случаи е 1,5%. Следнна е физичката неактивност што резултира со 2,9 проценти од случаите, а резултира со смртност кај 2,2 проценти од случаите. Поради недоволната конзумација на овошје и зеленчук, ракот може да се развие кај 1.9% од населението, што резултира со смрт во 2.7% од случаите, додека инфекциите со папилома вирус резултираат со развој на рак во 1.8% и смртност од 1.1%. Според податоците од 2014 година, пациентите најчесто страдаат од рак на белите дробови, а во 81,7% од случаите причината е пушење. Таа е поврзана со 73,8 проценти од ракот на грлото, 50 проценти од ракот на езофагусот и 46,9 проценти од ракот на мочниот меур. Дебелината научниците ја поврзале со развој на 60,3 проценти рак на грлото на матката, една третина од сите случаи на рак на црниот дроб, 11,3 проценти рак на дојка и 5,2 проценти од ракот на дебелото црево. Потрошувачката на алкохол е одлучувачки фактор во скоро половина од случаите на рак на усна шуплина и грло кај мажи и една четвртина кај жените. Речиси 25 проценти од случаите на рак на црниот дроб кај мажите и 11,9 проценти кај жените се поврзани со консумирање алкохол, а кај жените 16,4 проценти од случаите влијаат врз развојот на рак на дојка. Изложеноста на ултравиолетови зраци е одговорна за 96 проценти од случаите на меланом кај машката популација и 93,7 проценти од случаите на појава на меланом кај жени.   foto: Thinkstock