Актерката и свршеничка на принцот Хари, Меган Маркл е симбол на убавина во 2018-та, па многу дами ширум светот одат на пластични операции за да изгледаат како неа.
Но, со неколку принцезини трикови за убавина можете лесно да се нашминкате и средите како Меган.
Меган не сака премногу да ги нагласува усните, туку преку ден носи природни розеви бои на кармин, додека вечерта и е резервирана за кармин во боја на вино.
Без разлика што во 2017-та е заборавен, ефектот на „заматен поглед“ повторно се враќа во мода. Меган секогаш има популарен и едноставен smookey eyes кој и ги истакнува очите, што и да облече во секоја прилика.
За англиската принцеза секогаш е неопходно руменило од розев тон кој ги истакнува јагодтките и дава на кожата свеж, младечки и природен изглед.
Меган повторно го донесе трендот на помалку несредени и природни веѓи, па така многу дами кои цртаа тенки веѓи со строги линии наскоро ќе заборават на овој тренд.