,

Откриено зошто диетата и домашниот сок од портокал одат заедно

Добивај вести на Viber

Научниците од универзитетот во Буфало утврдиле дека сок од портокал го неутрализира оксидантниот стрес кој настанува во организмот после нездрав оброк, полно масти и јаглехидрати, и на тој начин ги штити крвните жили од оштетување. До овие резултати дошле по истражувања во кои учествувале три групи здрави мажи и жени на кои претходно им е понуден висококалоричен доручек. Познато е дека еден портокал содржи онолку витамин Ц колку што е препорачано дневно внесување, но ова овошје освен витамини Ц, Б и А, содржи и други корисни состојки како аминокиселини, бета-каротен, пектин, фолна киселина, калиум, калцум, јод, фосфор, цинк, манган и железо. Најкорисен дел од портокалот е сочната пулпа, но и лушпата исто така е богата со антиканцерогени состојки и антиоксиданси. Поточно, содржината на биофлавонид (антиоксиданси) и витамин Ц е најголем во овие делови од плодот.   Foto: Thinkstock