,

„О2 предизвик“: Вкупно 30 предлози за намалување на загаденоста

Добивај вести на Viber

Пристигнати 30 проектни предлози во рамки на јавиот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот „О2 предизвик“ на Фондот за иновации и технолошки развој. O2 предизвикот беше отворен од 03 до 30 ноември со цел поттикнување на иновативни идеи и акции кои ќе водат кон решавање на проблемот со загадување на воздухот во урбаните средини во Македонија . На повикот, учествуваа 30 микро, мали и средни претпријатија со свои предлог проекти поднесени во електронска форма. Според критериумите на повикот, а по завршената фаза на административна проверка 27 предлог проекти имаат потполни апликации. Од нив, по 8 се однесуваат на областите „користење на енергија за греење“ и „транспорт и мобилност“, 9 во областа „градежништво и урбани алтернативи“, како и 2 апликации со повеќесекторски пристап. Фазата на оценување и селекција започнува во понеделник, на 18 декември 2017г. и ќе се врши од страна на Комисија составена од: Јован Деспотовски, директор на Фондот, Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање, Јасмина Белчовска од УНДП, Ана Чоловиќ Лешовска од Еко-свест, Татјана Атанасовска – Горздановска од 02 Коалиција, како и две стручни лица од областа на техничкото решение и деловните планови. Предлог проектите што ќе добијат повеќе од 51 бод премуваат во финална фаза, каде компаниите ќе имаат можност директно да ги презентираат предложените решенија пред Комисијата (т.н. пичинг). Вкупниот буџет за повикот изнесува 6.000.000 денари., средства на Фондот за иновации и технолошки развој, обезбедени во Буџетот на РМ