,

#Подари знаење и играј за викенд во Банско со Creative Hub

Добивај вести на Viber

Едукативниот центар Creative Hub од вторник ја започнува својата Новогодишна кампања #Подари знаење. 12 дена, 12 празнични понуди за сите кои сакаат да го надградат своето знаење. Но не само тоа, секој клиент ќе добие и купон со кој ќе игра за викенд во Банско. „Оваа година сакавме да понудиме нешто поразлично, за сите оние кои сакаат да ги заменат новогодишните чоколади со знаење. Ги намаливме цените на сите наши курсеви за 30% се со цел да ги мотивираме оние коишто сакаат да подарат нешто да го направат тоа преку инвестиција во знаењето. Инвестирајте во нешто што ќе остане и ќе ви послужи наместо во чоколади и бонбони. Секој што ќе купи курс во месец декември ќе игра и за викенд во Банско како и други вредни награди.“ рече Бојан Коскаров, раководител на Creative Hub. Creative Hub нуди преку 30 курсеви меѓу кои: Adobe (Illustrator, Photoshop, InDesign and Premier pro, Professional and Basic, Microsoft Office (Word, PPTExcelOutlook), обука за претприемачи, обука за деловна комуникација, курсеви за 3Д графика, курсеви за етичко хакирање, курсеви за HTML5, CSS3, Javascript, како и курсеви за странски јазици (англиски јазик, германски јазик, шпански јазик, албански јазик, италијански јазик). На 3 јануари ќе има извлекување и ќе бидат објавени победниците на нивната веб страна www.creativhub.mk, како и на Фејсбук https://www.facebook.com/creativehubmacedonia/. Сите кои сакаат да бидат дел од оваа кампања #Подари знаење може да се јават на 071 214 849 или пак да испратат мејл на contact@creativehub.mk