,

Постои ли разлика помеѓу белите и кафените јајца, и кои се поздрави?

Добивај вести на Viber

Некои луѓе тврдат дека кафените јајца се подобри бидејќи содржат повеќе нутриенти, некои, пак, мислат дека тие се подобри на вкус додека постојат и такви кои мислат дека за подготовка на одредени јадења подобри се исклучиво или едните или другите. Некои ќе речат дека разликата е евидентна: белите јајца се бели, а кафените се кафени. И, навистина, тоа е така бидејќи под лушпата на јајцето и белите и кафените се еднакви – ќе ни дадат еднакви нутриенти, со ист вкус се, а ќе бидат и еднакво вкусни во било кое јадење. Но, како се обично кога е храната во прашање, се што е кафено е секогаш подобро од белото: и шеќер, и тестенини, и леб, врежано е мислењето дека е така и со јајцата. Токму затоа не е вообичаена појавата дека кафените јајца се поскапи од белите. Кои јајца се поздрави? Никој не може да не убеди дека разликата помеѓу јајцата не постои. Колку пати ни се случило во некои јајца жолчката да е малку пожолтеникава. Причината за тоа е исхрната на кокошката. Оние кокошки кои не се дел од индустријата, односно кои живеат и носат јајца во домашни услови, почесто даваат кафеави јајца. Токму оттаму е ставот дека кафеавите јајца се поздрави од белите, а со самото тоа и поскапи. Заклучно, кога сакате да изберете здраво јајце, не треба да се водите од бојата на лушпа на јајцето туку на бојата на жолчката. Ако имате можност, бирајте ги оние јајца кои ги снесува кокошка  која имала добра исхрана, а тоа ќе го постигнете со јајца од домашно одгледување.