Култура // Настани
Почина кралот на францускиот рок, Џони Холидеј
Почина кралот на францускиот рок, Џони Холидеј. Неговата сопруга, Летиција, соопшти дека починал минатата ноќ.
„Тој не напушти, откако го живееше целиот живот со надеж и достоинство“, пишува неговата сопруга во соопштението за смрттна на 74 годишниот музичар.
Во март рок ѕвездата соопшти дека се лекува од рак на белите дробови, откриен неколку месеци порано.
Болеста не го спречи да учествува во последното успешна турнеја, заедно со старите пријатели Еди Мичел и Жак Дитрон во август.
Во последните неколку недели здравјето на пејачпт се влошило. Тој,сопругата и нивните две ќерки го напушиле Лос Анџелес, каде живееја со години, за да се вратат во Франција. На 13 ноември Џони Холидеј е примен во болница поради проблеми со дишењето и неколку дена подоцна е пуштен.
Неговите блиски беа оптимисти дека ќе се опорави.
Холидеј го нарекуваа „францускиот Елвис Присли“. Негова најголема музичка инспирација беа Чак Бери и Бади Холи.