,

Прада колекција пролет-лето 2018

Добивај вести на Viber

Новата колекција Prada Ready to Wear за пролет-лето 2018 година едноставно е фантастична. Џемпери без ракави, кошули на редови, везени шорцеви … сето тоа е дел од новата колекција.   Прада во новата колекција става акцент на поп арт, инспириран со силна графика и стрипови. Тешко е да се опише што се случувало по презентацијата на оваа ревија меѓу припадниците на медиумите. Еден збор ја опишува оваа колекција-сензација. Тоа воедно е и заеднички именител на сите ревии кои доаѓаат со потпис на Miuccia Prada. [gallery link="none" size="full" ids="1191,1192,1193"] Новинарите се натпреваруваа да ја пренесат веста што виделе од првите редови на Milano Fashion Week. Во светот на модата, Miuccia Prada е супер херој на сите жени. Таа константно е во потрага за засилување на жените, со помош на облеката која ја креира за нив. Како сликарско платно, кое е исполнето со идеи, на ревијата се менувале моделите кои никого не оставиле рамнодушен. Денес многу мал број дизајнери успеваат да прикажат таков разновиден еклектицизам, како Miuccia Prada. Никој така лесно и воодушевувачки како неа! [gallery size="full" link="none" ids="1193,1194,1195"] Од таа причина, нејзините ревии се настан кој со големо нетрпение се очекува од сезона до сезона. Таа нуди колекции кои се истовремено авангардни, моќни и почитувани кај купувачите, другите дизајнери и модни уредници. Во суштина, сите би сакале да имаме некое парче облека од Прада во гардеробата. [gallery size="full" link="none" ids="1198,1196,1197"] Инспирирајте се, клучот е во разноликоста. Еклектиката силно тропа на вратата наредната пролет.