Припадниците на овие два знаци ќе бидат најсреќни во 2018 година

Добивај вести на Viber

Овен – За оние кои се родени под знакот на Овен оваа 2018 година ќе биде година на голем раст. Есента ќе биде извонреден период, а Јупитер ќе поттикне потврдување на големи емоции, секако возвратени. Ова исто така важи и за осамени срца: но, внимавајте да не дозволите потребата за партнер да ве избрза во изборот. Секогаш имајте го на ум мотото: „Јас го избирам затоа што го сакам, не затоа што ми е потребен“. Стрелец – Добри вести доаѓаат за Стрелците за кои е завршен долгиот период на напорна работа и континуирани испитувања. Сатурн, всушност, непосредно пред доаѓањето на новата година, одлучи да го напушти нивното небо сигурен дека Стрелците ги научија важните лекции. Многу енергија е загарантирана за родените во овој знак, позитивност и желба за успех. Нови перспективи, особено за осамените, ќе се случуваат во сферата на чувствата. Додека во последните години Стрелците се соочуваа со разнишана самодоверба, годинава полека ќе си го вратат својот препознатлив оган. Никој повеќе нема да може да го излаже Стрелецот. Накусо, 2018 е година на нов „рестарт“.