Хороскоп // Хороскоп
Прогнози за астро знакови за 2018: Ова го очекува Бикот!
Драги Бикови, за 2018 година мора да се подготвите и психички и во секоја друга смисла на подготовка, бидејќи Уран на 16.05 влегува во Вашиот знак и ќе биде во него во наредните седум години.
Уран донесува, покрај стрес и изненадни настани, потреба искрено да се претресат сите области од животот, а посебно љубовната област да ги преиспитаат своите чувства и донесат важна одлука. Можеби тоа за Вас ќе биде изненадно и можеби ќе бидете неподготвени за промени, но е сигурно крајно време да се позанимавате со промените во тој план. Јупитер планетата на мудрост и среќа се наоѓа моментално во Вашето љубовно поле, па би требало да ги искористите бенефитите на овој најголем од сите доброчители меѓу планетите како поддршка и добар ветар во грб по прашањето на донеување вистински одлуки во емотивна смисла. Интересно е дека и Венера, заедно со Марс, оваа година ќе биде ретроградна, но во период од 06.10 дo 17.11 и тоа токму во знакот на Скорпија, па како што владарката со Бикот Венера планетата на љубов е можно до крајот на годината, да биде интензивен период по прашање на емоционални одлуки, случувања, страсти и тајни, двоумења и враќања на стари приказни, со кои вие Биковите, морате милум или силум да се соочите и да ги разрешите. Ако не се активирате за решавање на сите комплицирани приказни ќе бидете соочени со сила, непријатни и стресни ситуации.
Уран е планета која во нас ја буди потребата за слобода, ослободувањето и распуштањето на длабоки незадоволства кои можат со години да се соберат, иако Бикот е многу фиксен знак и многу бавен и тешко да се започне со промени, само во наредните години, Уран ќе ве натера да се чувствувате добро и да ги започнете.
Советот е да се соочите со своите емоции и да разрешите доколку имате нејаснотии во врските како и да донесете одлука баш по прашањето на партнерството. Во тек на наредната година драги Бикови е можно е да направите поголеми чекори во Вашите емотивни врски, можеби да влезете во брак, посебно во првата половина на наредната година, но е можно да влезете во добри партнерски - ортачки бизниси кои можат да ви донесат повеќе пари.
Совет е добро да се информирате за поволно годишни периоди во тек на 2018-та во љубовна смисла, и да направите годишен љубовен хороскоп, посебно ако сакате да го ставите вашиот почитуван потпис на некој договор-можеби брачен а можеб и деловен!