,

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА МАКЕДОНСКИ МУЛТИЕТНИЧКИ ЈАЗЛИ ОД ПРОФ. Д-Р ПЕТАР АТАНАСОВ

Добивај вести на Viber

Денес во просториите на хотелот Best Western беше промовирана книгата Македонски мултиетнички јазли од проф. д-р Петар Атанасов. Станува збор за издание на Просветно дело чија промоција ја проследија премиерот на Република Македонија, како и истакнати личности од светот на политиката, науката и културата. Книгата Македонски мултиетнички јазли е резултат на повеќегодишното проучување на проф. д-р Петар Атанасов на мултикултурниот концепт како модус за востановување рамнотежа меѓу државата и општеството, меѓу колективните и индивидуалните начини на живот, како и неуморна потрага по модели на коегзистенција меѓу културно различните групи и општествени структури. Станува збор за избор на најважните текстови напишани на оваа тема од авторот, но и еден текст што е објавен за првпат – Од охридскиот договор до тиранската платформа. Најголем дел се објавени само на англиски јазик и сега ја имаат својата македонска премиера. Во неа, секој ќе пронајде и дел од одговорите кои се типични за современото општество и начините на градење мултиетнички модели на соживот. Промотори на книгата беа д-р Горан Јанев и д-р Сашо Ордановски. Излегувањето на оваа книга од печат лично го поздрави и премиерот Зоран Заев кој ја истакна важноста на научноистражувачката работа на проф. - д-р Атанасов во контекст на градењето мултиетничко општество за сите.