Нова автоимуна терапија дава фантастични резултати во клиничките тестирања на пациенти кои се во напредна фаза на развој на ракот со тоа што пациентите кои биле третирани со „ниволумаб“ покажале многу поголема отпорност отколку со хемотерапија.
Терапијата со ниволумаб беше презентирана на Европскиот конгрес за канцер со тоа што засега се покажал одлично во третирање на рак на вратот, главата и бубрезите, а може да се комбинира и со други лекови. Со тоа се форсира самиот имун систем на организмот да се бори со ракот и да ги отстрани оштетените клетки.
Професорот Пол Воркман од Институтот за истражување на канцер од Велика Британија кој го предводел истражувањето апелира до властите што побрзо да овозможат регулатива со која ќе се забрза производството на ниволумабот.
Засега ниволумабот помага да се продолжи животниот век на тешко болните пациенти на кои не им се предвидува повеќе од три месеци со болести што дава надеж дека со повеќе време може да се победи болеста. Исто така негативните ефекти врз организмот се помали отколку со хемотерапијата и други агресивни имунотерапии.