Втората книжевна дружба и кафе пиење меѓу книгите, заедно со размена на прочитани книги, во организација на Fb групата „Размена на книги и книжевни муабети /books exchange“ ќе се одржи на 27 јануари 2018 година, во просториите на кафе-книжарница „Магор“ во Скопје.
„Сите љубители на пишаниот збор ве покануваме да си ги донесете прочитаните книги и сите убави мисли поврзани со книгите, и да ги размениме, и книгите за нови непрочитани, и идеите за нови неоткриени.
Настанот и дружбата ќе започнат во 17 часот, без сиже и програма, но со полни очи радости :) Размената на книги ќе започне во 17:30 часот. Не доцнете, за да не пропуштите убави книги. :) “, стои во повикот на настанот.
За да бидеме сите фер кон сите останати вљубеници во книгата, да се придржуваме кон двете правила: никој не носи книги за кои знае дека нема да бидат интересни за размена и секој зема онолку книги колку што донел. Секој кој сака да ни се придружи е добредојден, велат организаторите.