Лутењето е составен дел од нашите животи, а детето допрва се запознава со тоа чувство. Помогнете му да ја контролира лутината и сфати како нормална појава.
„Ти си лоша мама“, „не те сакам повеќе“, „ќе те фрлам во ѓубре“... Дали некогаш сте се сретнале со овие реченици, а ги изговорило вашето мало дете? И тоа само поради тоа што нешто му забранивте или го теравте поскоро да заврши нешто, или можеби го прекинавте во некоја работа. Но, не сфаќајте ги тие реченици лично. Тоа е само момент на лутина.
Ако вашиот одговор е потврден, во тој момент и вие сами сте се чуствувале луто. Можеби дури и во себе се насмеавте на лутите конструкции на речениците на вашето дете. Лутината е составен дел од животот и сосема нормална работа. А децата се најсклони кон лутења, тогаш кога преминуваат од една развојна фаза во друга, односно кога сакаат да ја претекнат способноста, а фрустрацијата е на врв. Така, на пример, двегодишник се лути ако не му дадете да си игра со стаклена чаша, четиригодишник ќе вика ако не му дозволите да изеде чоколадо пред ручек, а осумгодишник што не се сложувате со тоа да гледа вечерен филм полн насилство.
Ставете ја лутината под контрола
Помогнете му на своето дете да најде внатрешен мир. Истражувањата покажале дека „поврзаните“ деца и нивните мајки, поретко се лутат едни на други. Детето ќе се налути, но брзо ќе научи како да ја стави лутината под контрола. Поврзаните родители знаат дека не треба да бидат строги за да имаат авторитет. Не дозволувајте детето во себе да трупа лутина. Поттикнувајте го своето дете да препознае кога е луто, почнувајќи уште од рана детска возраст. Слушајте го детето и помогнете му да разговара за чувствата.
Вашата лутина влијае на родителството
Непрекинатата лутина ја блокира вашата способност да бидете родител каков што треба да бидете. Ако лутината се појави кога и да заплаче вашето бебе, не сака да спие или јаде, постои можност бебето да ја почувствува вашата лутина. Лутината која се изразува на несоодветни начини, ја спречува вашата способност на мудро спроведување на дисциплина. Останете смирени во главата и внесете го хуморот во целата ситуација. Детето од вас ќе научи како да се носи со кризата. Вашиот излив на бес нема да ја реши настанатата ситуација.
Ако вие и вашето дете имате здрав однос, не морате да се грижите дали привремените емоционални испади ќе му наштетат на детето. За детето е добро и да знае кога сте нервозни или лути. Искрената комуникација кога тогаш бара искрена лутина која кај детето не предизвикува страв или срам.
Никој не е совршен
Децата треба да знаат дека е во ред да се згреши. Можете детето да го ослободите од напнатост, покажувајќи му начини како да се постави кон грешките. Децата на тој начин учат дека и возрасните грешат. На пример, ако истурите кафе, речете: „Уф, баш сум несмасна“, и насмејте се. Така детето ќе го научите дека е во ред да згреши.
Смеата, најдобар лек за лутина
Смеата ја разбива лутината и спречува неважни судири. Ако сте лути на вашиот тригодишник што во текот на ручекот направил неред, наместо да викате на него, обидете се еднаш да го насмеете неговиот креативен неред, храна во косата, и нечиста облека. Ќе ви биде полесно и вам и на детето. Можеби тогаш и заедно ќе го исчистите нередот кој е направен во текот на ручекот.