Култура // Настани
Сарачини вели се води хајка, за Принц оние кои добиле пари немаат вина
Петрит Сарачини од Министерството за култура во Отворено на ТВ 24 изјави дека ниту министерот Роберт Алаѓозовски свири, ниту артистите бараат преку леб погача.
Тој рече дека со буџетот не може да им се излезе во пресрет на сите.
„Ние сме сиромашна држава, а уметноста не е евтина работа. Постои концептот дека уметноста е бесплатна, но не е уметноста бесплатна“- рече Сарачини.
Koмпозиторот и пеач Александар Ристовски Принц вели дека не ги обвинува сите оние кои добиле средства од Министерството за култура за реализирање на своите проекти.
Вели дека тие конкурирале, добиле пари и тука тие немаат никаква вина.
Од Авалон продукција на оваа тема рекоа дека парите кои тие ги добиле ќе се вратат преку туризам во земјата, затоа што за секој концерт доаѓаат гости од надвор.
Сарачини во дебатата рече дека се води хајка со целата оваа приказна.
Учесниците на дебатата рекоа дека се чувствува една желба за промена од надлежните, но тоа не е доволно.