Хороскоп // Хороскоп
Семејна астрологија: Какви родители се Овните?
Во секој астролошки знак има позитивни и негативни црти. Драги Овнови проверете дали се препознавате во описот и корегирајте го она што мислите дека треба како вашето дете со вас би растело што поскреќно и поздраво.
Овните се темпераментни и енергични родители. Тие сакаат ред, работа и дисциплина, па детето од мали нозе ќе го учат да биде послушно и убаво воспитано. Ќе го водат на разни општествени настани, на море или патување, како би впило што се се случува околу него . Ќе се развива во него натпреварувачки дух: татковците на овој знак ќе го поттикнуваат детето на спортски активности учејќи го да вози велосипед или водејќи го на планинарење и разни натпревари за да го разбудат во него спортскиот дух. Овните имаат големи очекувања од своето потомство и многу рано ги учат на самостојност. Ги охрабруваат во првите чекори, многу со нив разговараат и уживаат во првите изговорени зборови на детето. Притоа даваат и доволно љубов и сигурност но очекуваат детето да се однесува според нивни мерила.
Понекогаш знаат да бидат премногу строги, иако истовремено на детето му даваат и доста слобода. Но како што Овенот по природа е амбициозен така и од детето очекува сите свои школски задачи да ги извршува беспрекорно. Сепак, мора да внимаваат и во тоа да не претераат. Кога детето биде поголемо, со задоволство ќе го запишаат на спортски активности, како освен духот, детето би го зајакнало и телото. Ќе го бодрат и фалат секој негов успех.