Не е љубов се да се дозволува. Ако некогаш така дејствувате, еден ден и тоа многу скоро, повеќе нема да имате што да давате бидејќи се ќе биде дозволено.
Што и да направи детето одговорен е родителот, кој порано или подоцна не поразговарал со детето. Амин!
Често ви се крева косата на глава од оваа реченица. Имено, тоа што вие мислите дека кога тогаш губите контрола над детето, на тоа би требало да гледате како своевиден предизвик. Никој не се родил а да знае сѐ, па така ниту вие, а најмалку децата. Децата пробуваат граници, ги тестираат вашата волја и издржливост. Од друга страна, децата сакаат ограничувања, но ако вие не им ги поставите, ќе го бараат оној кој тоа го сака. Него ќе го почитуваат.
Има една вистинска приказна од дамнешни времиња.
Некое бесно момче кое направило доста грешки во животот, го фатиле и осудиле на бесилка. Пред да го обесат, го прашале за последна желба. Рекол дека сака да и каже нешто на вујна си која го одгледала (бидејќи немал родители). Кога му пришла, барал да и шепне нешто на уво.
И шепнал: „Ти си виновна што си ми го дозволувала сето тоа и поради тоа денес сум овде“. Откако и го рекол тоа, и го одгризал увото.
Поентата е дека децата еден ден вас ќе ве обвинуваат за тоа што не сте им поставиле граница, за тоа што сте им дозволувале сѐ. Ним им требаат граници, колку и да се бунат против нив. Што порано го сфатите тоа, толку поскоро ќе се усогласите со тоа.
Не е љубов сѐ да се дозволува. Ако така делувате, еден ден и тоа многу брзо, повеќе нема да имате што да давате, бидејќи сѐ ќе биде дозволено.
Нам луѓето треба да ни се ограничи уживањето, бидејќи тогаш можеме целосно да уживаме во моментот. Дури тогаш сме благодарни за она што го имаме и дури тогаш го почитуваме она што сме го добиле. Во спротивно, ниту сме благодарни, ниту почитуваме, а ниту пак сме среќни.
Тоа што вашето дете е лошо, е ваша одговорност.
Тоа што вашето дете има лоши оценки, е ваша одговорност.
Тоа што не е одгледано онака како вие би сакале, е ваша одговорност.
Тоа што се жалите на детето да не е такво или онакво, е ваша одговорност.
Бегството од одговорност не ве води никаде. Со самото тоа што сте добиле шанса да бидете родител, тоа само значи дека треба да направите сѐ, ама баш се да исправите што било.
Научете, едуцирајте се, консултирајте, побарајте експерти кои знаат, направете било што, и поработете на тоа што се жалите и обвинувате други дека се одговорни.
Детето е ваше, ваша е и грижата и одговорноста! Тоа е вистинската вистина!“ Сѐ друго е залажување, бегство од вистината и ставање на работите под тепих.
Штом ја преземете одговорноста на себе, тоа ќе ве поттикне што порано да ја решите ситуацијата, вам ќе ви биде полесно, детето ќе сфати дека вие го сакате и покрај се и еден ден ќе ви биде благодарно на тоа што сте направиле за него. Вака, ќе биде се полошо и полошо, и за вас и за детето.
И сега само да ви кажеме нешто за одговорноста.
Одговорноста е барање на одговори. Кога барате одговори? Кога нешто не знаете.
Во денешно време не е тешко да се најдат одговори бидејќи имате интернет, литература и сите можни и невозможни експерти за секое подрачје. Дури и ако не ви се близу, технологијата ви овозможува достап до информации.
Значи, нема оправдувања дека до одговор не можете да дојдете. Прашањето е само дали сакате одговори или бегате од нив. Сакате ли и понатаму да ги обвинувате другите или мислите дека е време нешто да преземете?
И сама сум мајка на две деца. И сама себе се фатив во ситуации кога би бегала од одговорноста. На време сфатив дека тогаш ништо не се решава бидејќи не им е работа на другите да ја работат мојата работа.
Разбирам дека во почеток ќе ви изгледа тешко, но штом ќе почнете да барате, брзо се ќе се отплетка и верувајте ми, многу е полесно и за вас и за детето.
Затоа ве молам, прифатете ја својата улога на родител, преземете целосна одговорност за детето, борете се за таа улога и дајте сѐ од себе да дојдете до одговори и помош кога видите дека детето има потреба од вас. Тоа е единствен добар начин за детето, вас и општеството.