,

Сите стоплени во зима ги обедини македонските модни дизајнери

Добивај вести на Viber

Мрдни со прст и 15 македонски дизајнери се соединија во заедничка акција со цел да им помогнат на сограѓаните кои ја немаат можноста да уживаат во топла зимска облека. Резултатот од оваа соработка е ревија со намера да се собере користена зимска облека за луѓето на кои им е најпотребна. Акцијата „Сите стоплени во зима“ која се реализира во рамки на иницијативата Мрдни со прст и чија цел е да се собере користена зимска облека за луѓето на кои им е најпотребна, започна во декември и ќе кулминира во МКЦ во среда, 31 јануари, во 20.00 часот, со модна ревија на 15 водечки македонски модни дизајнери на која јавни личности ќе ги претстават нивните креации со користена облека. 15 македонски модни дизајнери во среда (31 декември), во МКЦ, со почеток од 20 часот, ќе ги претстават нивните креации со користена облека на која и дадоа нов лик. Модели на ревијата ќе бидат наши познати јавни личности, а влезницата ќе биде – донирана зимска облека. Во акцијата своја поддршка обезбедија: – Никола Булевски, Лидија Георгиева, Јасмина Дракуловска, Олгица Ѓорѓиева, Никола Ефтимов, Горан Костовски – Индог, Јана Манева Чупевска, Силвија Михајловска „Алшар“, Благој Мицевски, Антонија Ристовска, Нина Симовска, Емилија M. Ставрова, Ирина Тошева и Иван Петрушевски – Флим, Јована Филиповиќ, Јана Ацевска „Капка“. Собраната облека ќе им биде подарена на нашите сограѓани за што ќе се погрижат организациите „Љубезност“ и „СОС Детско Село“.