Скрши го срцето во стилот на Ивана Кнез

Добивај вести на Viber

Кога ќе се спомне Ивана Кнез, првата асоцијација ни е познатиот дизајн на ланчињата LOVECATS DRM, кои ги освоија срцата на многу девојки. Тие се култен тренд како кај помладата, така и кај постарата публика. Модата не знае за години, таа е игра на стилови и разнобојни принтови, лични видувања на уметноста и различни карактери пресликани на текстилот. И без оглед на временската машина, стилот сепак останува вечен, па така и личниот стилски печат на Ивана Кнез на модната сцена. Македонската дизајнерка Ивана Кнез докажа зошто е во првите редови на почитувани македонски дизајнери. Секогаш смела во своите избори, концизна во своите креации и нивните изработки, често знае да изненади и да го привлече вниманието на пошироката јавност секако во позитивна смисла на зборот. Оваа есен, Кнез е инспирирана од Човештвото (Humanity) и приказната за Blade Runner, кое и доведе до создавањето на оваа колекција. Нејзината претстојна колекција за есен/зима 2017-та година е смела комбинација на силни бои, каде преовладуваат црвената и црната боја, во комбинација со кожни здолништа и „fluffy спортско-елегантни џемпери кои заемно асоцираат на BOLD STATEMENT OUTFIT. Без исклучоци. Креациите на Ивана Кнез зрачат со јасна порака: Самоуверената жена и девојката која се чувствува удобно во својата кожа, е дама за почит. Без оглед на тоа како се чувствувате, добрата комбинација на смели парчиња и малку став во одот и стилот, секогаш може да го поправат расположението. Насмевнете се, бидејќи и кога се крши нечие срце, па дури и кога Ви го кршат вашето, дочекајте го поразот или победата во беспрекорен стил. Помалку боли, а повеќе се памети. Најновата колекција на Драма од Ивана Кнез ќе биде ексклузивно прикажана на Fashion Week Skopje, 23.10.2017 во 21.30 часот.