Кога последен пат се смеевте на работа? Иако многумина мислат дека смеата е начин да се избега од работа, и дека не и е местото таму каде што се работи, таа всушност е одличен алат кој ќе ви помогне да биде продуктивни и да остварите што подобри резултати.
Еве ги причините поради кои смеата има позитивно влијание на вашата продуктивност:
1. Смеата ги олеснува непријатните ситуации
Непријатните ситуации не се реткост на работното место. Со шефот, клиентите или бизнис партнерите...само вие знаете низ какви моменти сте поминале.
*Искуство: Лично ми се случила ситуација во која колегата не го заклучил тоалетот, така да влегов внатре и секако кога видов дека некој има, брзо излегов надвор. Состојбата беше крајно непријатна, но знаев дека најдобар начин да го надминеме тоа е што ќе свртиме на шега и ќе се насмееме за целиот настан.
Затоа иако не можете да го контролирате однесувањето на другите луѓе, можете сопственото. Вашиот избор е како ќе гледате на вакви или случни ситуации, дали ќе дозволите тоа да и смета на вашата работа, или ќе најдете нешто смешно и забавно во сето тоа. Немјоте да го губите фокусот и енергијата кои можете да ги искористите подобро, туку барајте начини да внесете прифатлива доза на хумор во вашата работна средина.
2. Смеата креира позитвна работна атмосфера
*Искуство: Работејќи со бројни тимови на нивно зацврстување и подобро функционирање, увидев дека проблемите настануваат кога луѓето не се опуштени во присуство едни на други.
Затоа е неопходно да се работи на создавање и зацврстување на врските меѓу луѓето, а еден од најдобрите начини е преку смеа.
Успешен и продуктивен тим е оној во кој луѓето знаат слободно и отворено да се шегуваат.
*Искуство: Во паузите на работа понекогаш пуштам смешни видеа на Јутјуби почнувам заразно да се смеам, а потоа пријдат и колегите и така слатко се смееме и направиме продуктивна пауза во работата.
Заборавете на се што ве разликува од вашите колеги и најдете работи со кои можете заедно да се смеете. Само тогаш атмосферата ќе биде доволно пријатна за тимот да може да продолжи да работи и ниже бизнис успеси.
3. Смеата ги полни батериите и намалува стресот
Кога негативните мисли премногу долго се задржат во вашата глава, станувате уморни и исцрпени допуштајќи му на стресот се подлабоко да влезе во вашиот живот. Смејте се дури и кога не ви е до смеа. Зошто? Бидејќи тоа на момент ќе ви помогне да се оддалечите од проблемите и да ги наполните батериите како би можеле да се впуштите во нивно решавање. Смеата ќе ја стимулира циркулацијата, ќе ги опушти вашите мускули и ќе ви го врати фокусот.
Земете ја неопходната доза на смеа на време како стресот не би почнал да остава и сериозни последици на вашата психо-физичка состојба.
4. Смеата ја зголемува креативноста и задоволството
Дејувајќи позитивно на вашиот ум и тело, смеата помага да се ослободите од стресот и анкциозноста кои се непријател број еден кога се работи за креативност. Имено, тие ве блокираат и не дозволуваат да се поместите-ментално, а понекогаш дури и физички. Смеата ја прекинува оваа блокада така да можете да почнете да размислувате побрзо. Кога успеете да најдете извор на смеа на момент, поспособни сте да предлагате иновативни решенија без страв од критика.
*Искуство: Во канцеларијата најчесто се шегуваме дека е подобро да се смееме за да ги зајакнеме стомачните и да се поготвиме за лето. Можете да споделите некоја интересна и смешна приказна со колегите, сигурно ќе покренете уште смешни случки. Исто така кога почнете работното место да го набљудувате како место кое прифаќа здрава доза на смеа ќе посакате секој ден да се враќате на тоа место.
Има ли смеа на вашето работно место и за што се смеете вие?