Реагирајте навреме и брзо пребродете ја настинката со природни лекови
1. Инхалација
Прво што треба да направите е домашна инхалација. Доколку немате инхалатор, истиот ефект ќе го постигнете ако подлабок сад наполнете со жешка вода и во неа додадете една до две капки етерично масло од еукалиптус или нана. Главата прекријте ја со крпа за да ја задржите пареата. Вдишувајте ја во интервалите од пет минути.
2. Намачкајте балсам под носот
Ментолот, еукалиптус и камфор ги отвораат носните патишта и помагаат да се обнови кожата која е иритирана со постојаното дување на носот. Исто така навечер можете да ставете под главата уште една перница затоа што така ќе овозможите да насобраниот секрет полесно излези од носот, а не да се слива во грлото.
Плакнењето на грлото
Тоа е многу важно затоа што на тој начин се надохнадува влагата во воспаленото грло. Во чаша топла вода растворете лажица сол и со тој раствор четири пати на ден плакнете го грлото. За да го намалите гребењето и зарипнатост, пијте чај во кој има танини кој ја стега мембраната.
Со храната зајакнете го имунитетот
Од настинката и грипот можете да се одбраните и без вакцина. Имунолошкиот систем го зајакнуваат витамините Б6, Б12, Ц, Е фолна киселина, железо и цинк. Правилната исхрана, вежбањето и доволно сон ќе помогне да се одбранете од грипот и настинката.
Црвениот и белиот кромид помагаат да се излекува бронхитисот и другите инфекции. Лукот има анти бактериски и анти вирусни својства.
Црниот и зелениот чај содржат катехин, состојка која е природен антибиотик и спречува пролив.
Брусница спречува бактериите да ја нападнат бешиката и уринарниот тракт.
Пиперката е полна со витамин Ц.
Морковот е богат со бета каротен.
Босилокот ја намалува главоболката која се јавува како последица од настинка.
Чили пиперчиња поради лутината ги отвораат синусите, помагаат да се раствори слузта во белите дробови и го засилуваат потењето.
Рен исто така помага да се раствори слузта во дишните патишта.
Боровинка е добра против пролив, делува како аспирин затоа што можи да ја намали температурата и да ги олесни болките.
Оризот делува против пролив.
Бананата ќе го смири нервозниот желудник.