,

Совет: Како да направите мало катче за вашиот накит

Добивај вести на Viber

Се што е потребно за да го направите ова катче е да изберете просторија во која имате мебел со вратички. Следен чекор е да земете боцкалки, врвки (во овој случај искористена врвка за очила) и мали куки со сврдли. Може да искористите и само еден тип на закачување: само боцкалки или само мали куки. На вратичките испланирајте го просторот според тоа каков вид накит би наредиле. Обележете ги местата и со помош на чеканче наместете ги боцкалките. Потоа направете мали дупки со помош на дупчалка, па завртете ги малите куки. На крајот, останува да се искористи и врвката на која може да се наредат обетките. Земете ја врвката и од еден на друг крај на боцкалките, оптегнете. Со ова, вратичката е спремна за улогата на катче за накит. Вашиот рачно изработен накит или многу драг накит кој секојдневно го носите, на овој начин ќе биде секогаш уредно сместен, но и сочуван. За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер