Тајните на мудрите луѓе

Овој свет е базиран на вистината. Сепак бара рамнотежа. Токму затоа мудрите луѓе не предупредуваат дека постојат некои работи, кии треба да ги сочуваме за себе. Прво што треба да се подготви како тајна, велат мудреците, се вашите долгорочни планови. Обидете се  да премолчувате сè додека вашиот план не се реализира. Сите наши идеи не се само несовршени, туку имаат и многу слаби точки по кои многу лесно може да се удира, па лесно ќе се срушат. Второ, не раскажувајте за добрите дела кои ги правите. Тоа е реткост денес, па затоа треба да се чува како зеница во окото. Не фалете се поради тоа. Гордоста ќе го препознае тоа и ќе ви ја одземе сета благопријатност која е дадена во добротворни дела. Трето за што не треба да се зборува е аскетизмот. Не зборувајте насекаде во ограничувањата во прехраната, сексуалните односи и слично. Физичкиот аскетизам носи корист само ако е искомбиниран со емоција. Четврто за што не треба да се зборува е храброста. Во животот некој добива надворешни, некој внатрешни предизвици. Надворешните се видливи, затоа луѓето добиваат награди. Внатрешните предизвици никој не ги забележува, па затоа и нема награда. Следното за што мудреците препорачуваат да се премолчи се семејните проблеми. Тие сметаат дека не треба да се зборува воопшто за приватниот живот. Запомнете, што помалку зборувате за проблемите во своето семејство, тоа ќе биде посилно и постабилно. Кавгата е ослободување од негативната енергија која се собира во процесот на комуникација. И шестстото што не треба да се споменува се грдите зборови и озборувања. Може да ги извалкате чевлите на улица, а може да си ја извалкате својата свест и потсвест. И човекот кој се враќа дома и ги прераскажува сите глупости кои ги чул во текот на денот, не се разликува од тој кој ни дошол дома и не ги соблекол чевлите.