ТАЊА СТАНКОВИЌ СЕ ВРАТИ ДОМА: Се радувам на секоја средба со најблиските

Добивај вести на Viber

  Пристигнав пред една недела, нема да останам долго и затоа настојувам да се видам со сите роднини и пријатели, вели пејачката која повеќе од една деценија живее во Чикаго. Нејзиното мото е дека секој треба да си ја проба среќата и да верува во своите квалитети. Пред речиси една деценија со таква мисла од Македонија замина Тања Станковиќ-Димовска, пејачка која уживаше статус на ѕвезда во златните времиња за домашната музика. Среќна е што го живее американскиот сон, но и носталгична за татковината. [caption id="attachment_6874" align="aligncenter" width="461"] Во златните времиња на македонската естрада беше ѕвезда од насловните страни[/caption] - Во Скопје пристигнав минатиот вторник. Нема да останам долго и затоа настојувам да се видам со сите роднини и пријатели. Се радувам на секоја средба со нив. Америка ја сакам, убаво ми е таму, но не значи дека е лесно. Овде имам многу драги луѓе, навистина една проверена екипа. Секогаш можам да сметам на нив, без разлика каква е приликата – вели Станковиќ. [caption id="attachment_6876" align="aligncenter" width="960"] Со сопругот Игор, исто така докажан музичар, и со синот Џулијан живее во Чикаго[/caption] Со сопругот Игор, исто така признат музичар и со синот Џулијан живее во Чикаго. Има свое училиште, предава пијано, музичка теорија и основи на диригирање. - Работам со околу 40 студенти и задоволна сум од постигнатите резултати. За викендите свирам оргули во протестантската црква и пеам во хорот. Работам и како студиски музичар, снимам придружни вокали во нашето, но и во уште две други студија. Во слободното време не испуштам добар концерт, а на секои четири месеци си земам краток одмор од една недела и патувам низ Северна и Јужна Америка. Задоволна сум со својот живот и благодарна на Господ за сите благослови што ми ги дава – ни раскажа таа. Се согласува дека Америка е земја на можности за секоја амбициозна личност, како што вели, за секој човек кој сака да оди напред. Вели дека годините кога имаше успешна кариера во Македонија ќе ѝ останат како најубавиот период во нејзиниот живот. - Поп-музиката е моја прва љубов – нагласува Станковиќ. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов