,

Третиот национален MOS натпревар официјално е отворен

Добивај вести на Viber

Денес во просториите на Град Скопје се одржа прес-конференција на која официјално беше отворен третиот национален МОS натпревар. MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016). Во првата фаза од натпреварот учениците од цела Македонија се натпреваруваат локално по што најдобрите 40 ученици влегуваат во големото финале од каде што се избрани најдобрите претставници. Победниците на Националниот MOS натпревар ќе се стекнат со можност да учествуваат во Светскиот натпревар Microsoft Office Specialist 2017/2018, во Орландо, Флорида каде што ќе ја претставуваат Република Македонија натпреварувајќи се со претставниците на повеќе од 130 земји од светот.