,

Три грешки кои ги правите при грижа и обликување на веѓите

Добивај вести на Viber

Кога ги обликуваме веѓите, можеме да направиме многу грешки. Исто така можеме да згрешиме и при користењето на козметиката и шминката за да ја истакнеме убавината на нашите веѓи. Кои се најчестите грешки во обликувањето и одржувањето на веѓите и како да ги избегнете? Грешка # 1 - Користите погрешен молив за веѓи Многу жени се збунети кога избираат молив за веѓи во иста боја како и нивната коса. Ако имате кафеава коса, не мора да користите темно кафеав молив, дури напротив. Експертите се категорични дека употребата на 1-2 посветли нијанси молив за веѓи дава повеќе природност . Грешка # 2 - Користите огледало за зголемување Зголеменото огледало може да ви изгледа како одличен начин за да ги намалите и обликувате веѓите, но според козметичарите тоа е грешка. Огледалото за зголемување спречува да го прецените севкупниот изглед на веѓите. Секогаш користете нормално огледало и дневна светлина. Грешка # 3- често кубење Повеќето жени се опседнати со кубење на веѓите во текот на денот. Се појавува влакненце и веднаш го „ловат“. Ова не е во ред. Обликување на веѓата треба да се прави на околу 2 недели. Ова не го нарушува обликот на веѓите. Инаку, ризикувате да ја смените линијата на една веѓа, а другата останува поинаква.