Трнот во надежта денес промотивно во Матица

Добивај вести на Viber

„Трнот во надежта“, на латински „Spes est spinam“, е новата стихозбирка на македонската поетеса Тања КармзоваКостиглиола.   Денес книгата се промовираше во Скопје, а е во издание на „Матица“.       Тања КармзоваКостиглиола по потекло е од струмичкото село Дабиле. Таа е фармацевтски техничар, и веќе девет години живее и работи во Париз со синот и со сопругот. Во 2007 ја објавила првата збирка „Распетие на душата“, лани книгата „Кутија со солзи“, а работи на францускиот превод на своите дела. Вели дека првите стихови ги напишала кога имала осум години, а сега има 28. Иако е фармацевтски техничар, поезијата е нејзиниот издувен вентил. Стиховите на Тања се едни од најсподелуваните на социјалните мрежи, кои таа ги нарекува отскочна штица за писателите.