Утринско кафе со Борислав Тноковски: Ме мотивираат бакнежите на синот

Добивај вести на Viber

Секој работен ден ми почнува доста динамично и во брзање… Околу еден час ми траат подготовките, почнувајќи од 7:30 часот… Почнувам со подготовка на овошно смути за мене и за моето синче… Потоа следува негово будење, a често пати тоа не е така едноставно … Додека се облекуваме го приготвувам и кафето што го пакувам во термос, заедно со појадокот и така се упатуваме прво во градинка, па потоа на работа, каде што го пијам и моето утринско кафе во друштво на моите колеги во Метрополис радио… [caption id="attachment_7161" align="aligncenter" width="640"] bty[/caption] Ме мотивира испланиран ден, без разлика дали е комплетно исполнет со работни обврски или пак делумно, ме мотивира чувството на продуктивност, ускладеноста и организираноста и секако бакнежот од син ми, кога се поздравуваме пред да се разделиме утрината… Кога денот ми е целосно со работен ангажман, тоа значи дека наутро сум во Метрополис радио, а попладне во Канал 5 телевизија… Кога имам делумно слободен ден, повторно ми се наметнуваат работни обврски, било тоа да е подготовка на некој настан што го модерирам или надградба на обуките што ги држам по јавно говорење… [caption id="attachment_7164" align="aligncenter" width="640"] Jpeg[/caption] Денот ми завршува онака како што и почнува, повторно динамично… Во домашна „разиграна“ семејна атмосфера… Со планирање на следниот ден, со тренинг во домашни услови и време за оддишка пред телевизор… Толку ми е мозокот бомбардиран со информации преку целиот ден, што од овие две опции, филм или книга, не можам да спроведам ниту една… Најчесто го опуштам мозокот со гледање странски телевизиски шоуа, емисии и документарци на сателитски канали, тоа ми е најдоброто прибежиште после напорниот ден.